Кизиќ: Не гледам причина зошто не би го добиле мечот против Нексе

фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

В недела (4 септември) со почеток од 16.30 часот на Фајнал-фор турнирот во СЕХА Газпром лигата во Задар (Хрватска) ќе се игра натпреварот за третото место помеѓу Нексе и Е. Пелистер. Од 19.00 часот екипите на ППД Загреб и Веспрем ќе играат за трофејот.

Битолчани за првпат се на Ф4 турнирот во ова регионално натпреварување, во полуфиналето во Арената „Крешимир Ќосиќ“ беа убедливо поразени од актуелниот шампион Веспрем со 41:27.

Тренерот на македонскиот вицешампион Ларс Валтер и неговите играчи веруваат дека во борбата за бронзата ќе се покажат во многу подобро издание.

– Немаме време да жалиме за поразот. Знаевме каква екипа е Веспрем. Се надевавме дека можеме да пружиме повеќе, ама најдобро е да го заборавиме натпреварот. Треба да се насочиме кон натпреварот за третото место, каде што имаме шанса за успех бидејќи сме тука некаде со Нексе. Не гледам причина зошто не би го добиле натпреварот утре – се зборовите на голманот на Е. Пелистер, Марко Кизиќ.

Нашиот репрезентативен чувар на мрежата вели дека тимот оди чекор по чекор, се учи на секој натпревар.

– Екипата има добра хемија и атмосфера во соблекувалната и на тренинзите. Тоа придонесува да се забрза процесот на воигрување, имаме 10 нови играчи и нов тренер, со нови барања и едноставно ќе биде потребно време. Одиме чекор по чекор, ќе учиме на секој натпревар. Потребна е многу работа, ама мислам дека сме на нов пат – рече Кизиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот