Кисела Вода со седум проекти ќе ги подобрува условите за живот на граѓаните

Со неколку проекти одбележан роденденот на Општина Кисела Вода

Нов спортски центар, паркови, санација на сообраќајници како и нова детска градинка и реконструирани улици со канализација и обновена водоводна мрежа. Општина Кисела Вода преку реализирање на овие седум проекти го прослави својот роденден.

– Седум, за седумте дена што се одвиваа под мотото „67 години моја Кисела Вода“. Во текот на претходните денови, Општина Кисела Вода го отвори паркот „Иднина“, на кружниот тек меѓу Кисела Вода и Припор. Финализираше со санација на три клучни сообраќајници во Драчево. Завршини се градежните активности за новата градинка, прва досега во Усје но и отпочна на изградба на фекална канализација во 11 Октомври бараки, како и на изградба на водоводна мрежа на улицата Илија Ристевски во Драчево – истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отворањето на спортскиот центар во Пинтија.

Градоначалникот Ѓорѓиевски додаде дека Пинтија е една од населбите во општината која добива повеќе нови содржини за граѓаните.

– Новата фекална канализациска мрежа во должина од 1.350 метри со 29 нови шахти ќе може да одговори на густо населената населба, но и на развојната зона што се создава со изградбата на нови станбени објекти и растежот на општина Кисела Вода – соопштија од Општина Кисела Вода.

Според надлежните во населбата Драчево, во периодот што следи ќе се санирани три клучни сообраќајници Румена Хаџипанзова, Јанко Мишиќ и Речиште, а за подобрување на условите за живот на жителите од општината, пуштен во употреба беше и паркот „Иднина“.

Инаку случувањата по повод роденденот на Општина Кисела Вода, се одвиваат под слоганот „ 67 години моја Кисела Вода“, а за граѓаните беше организирана и богата културно-уметничка програма со голем број познати музички изведувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот