Кирил Изов повика 24 фудбалерки за натпреварите против Косово

женска фудбалска репрезентација
фото: ФФМ

Женската фудбалска сениорска македонска репрезентација во петок, 27 октомври (тренинг центар „Петар Милошевски“) и вторник, 31 октомври против Косово ќе ги одигра натпреварите од групата „5“ (второ и трето коло) во Лига на нации.

Селекторот Кирил Изов за пресметките против Косово ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Лина Самарџиоска (Вајхо, Шведска), Ведрана Комненова (Скопје);

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Михаела Додевска (Скопје), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Драгана Костова (Каменица САСА), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Кристина Крстева (Скопје), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед);

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје 2014), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен);

Домашниот натпревар против Косово ќе се одигра во 13.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Потсетување дека на воведниот меч од групата во Лига на нации нашата селекција минимално со 1:0 загуби од Бугарија на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот