Кипар воведува полициски час

epa08435468 Medical officials collect samples from school children to test for the coronavirus at an elementary school in Nicosia, Cyprus 21 May 2020. School children return to their classrooms after the Cyprus government loosened its COVID-19 lockdown measures. EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Полициски час од 23 до 5 часот наутро, собири со најмногу десет лица, угостителските објекти со работно време до 22.30 часот, се дел од новите вонредни мерки на Кипар што стапуваат денеска на сила, а ќе важат до 30 ноември, јави дописничката на МИА.

За мерките било одлучено на вчерашната владина седница, по што следеше обраќање на претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, кој рече дека Владата е обврзана да преземе додатни мерки „со надеж дека граѓаните ќе одговорат позитивно, за да се избегнат построги ограничувања”.

Новите мерки, синоќа ги објасни министерот за здравство Констандинос Јоану, кој рече дека се поделени во три категории: среднорочни мерки до 15 јануари 2021 година, вонредни, до крајот на месецов и локални мерки.

Во првата категорија се мерките што се однесуваат на целата земја и ќе бидат во сила до средината на јануари следната година.

Кината и театрите ќе работат со 50 отсто од капацитетот; дозволено е одржување конференции и манифестации со најмногу 250 лица, согласно протоколите и одржување растојание од три метри меѓу учесниците, но без паузи за кафе; во продавниците за храна (супермаркети, минимаркети, месарници и сл) и во аптеките, од почетокот на работното време до 9 часот наутро и од 13 до 14 часот ќе услужуваат само лица над 65 години и лица со инвалидитети, а употребата на маска за сите над 12 годишна возраст е задолжителна и надвор и внатре.

На свадбите и крштенките од 13 ноември забранети се коктел забавите, а дозволено е само физичко присуство на ручек или вечера со присуство на најмногу 150 лица.

До крајот на месецов, се воведуваат вонредни мерки, меѓу кои и: дозволени собири на јавни места и во домовите, на најмногу десет лица (вклучително и децата); скратено работно време на угостителските објекти до 22.30 часот; најмногу шест лица на маса во рестораните и кафулињата; полициски час од 23 часот до 5 часот наутро; религиозните обреди не смеат да бидат со над 75 лица, дозволени се спортски натпревари, но без публика.

Во третата категорија се локалните мерки што важат за Лемесос и Пафос.

Дополнително, министерот за здравство на Кипар рече дека се препорачува, онаму каде што е изводливо, да се воведе работа од дома, вработените да имаат различни паузи, поделени во групи, одржување состаноци преку видеоконференции.

Од почетокот на епидемијата, на Кипар се регистрирани 5.100 случаи на Ковид-19, од кои 1.135 во измината седмица, а починаа 34 лица позитивни на коронавирусот, но само кај 26 лица, причината за смртта бил Ковид-19.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот