Кинезите се нервозни бидејќи во Катар навивачите не носат маски

Навивачи во Катар/ Фото: Hasan Bratic/DeFodi Images / Shutterstock Editorial / Profimedia

Телевизиските снимки на гледачи без маски на Светското првенство во Катар ги налутија Кинезите бидејќи тие сè уште се предмет на строгите мерки на Пекинг во нивната „нула-ковид“ политика, додека остатокот од светот одлучи да живее со вирусот.

„Додека некои присуствуваат на натпреварите на Светското првенство без маска, други се затворени во своите домови еден месец без да можат да излезат надвор“, напиша жител на Гуангдонг на социјалната мрежа Веибо, кинески еквивалент на Твитер.

„Кој ми го украде животот? Нема да коментирам“, додаде тој, во услови на негодување поради безмилосниот пристап на кинескиот режим за ограничување на ширењето на вирусот.

Кина, каде коронавирусот беше откриен кон крајот на 2019 година, е последната голема економија во светот што сè уште се обидува да го запре ширењето на вирусот, затворајќи градови или цели населби и наметнувајќи пробни тестови на милиони луѓе.

Сепак, бројот на дневни случаи денеска достигна 29.157, што е ниско во споредба со другите земји, но блиску до националниот рекорд од април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот