Кинеската полиција уапси над 1.100 лица за перење пари преку криптовалути

Биткоин / EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Кинеската полиција уапси над 1.100 луѓе под сомнение дека користеле криптовалути за перење на пари собрани од телефонски и интернет измами.

Според кинеското Министерство за јавна безбедност до вчера попладне уапсени се членови на повеќе од 170 криминални групи вмешани во употреба на криптовалути за перење на пари.

Уапсените на клиентите криминалци им наплаќале провизија од 1,5 до пет проценти од илегалната заработувачка за да ја префрлат во криптовалути.

Кинеската асоцијација за борба против перењето пари соопшти дека е забележан раст на криминалните случаи поврзани со криптовалути.

Три кинески индустриски тела минатиот месец забранија плаќање со криптовалути, а Кинескиот државен совет вети дека ќе ја сузбие трговијата со биткоинти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот