Ким: Последиците ќе бидат сериозни доколку вирусот се прошири

Фото: Твитер

Во случај заразната болест, што веќе неконтролирано се шири, да најде пат до нашата земја, ќе има сериозни последици, изјави Ким.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека ќе има „сериозни последици” доколку коронавирусот се прошири низ земјата и повика на позасилена заштита и спроведување на силни антивируски мерки.

Во текот на средбата на владеачката Работничка партија Ким ги повика здравствените штабови да го засилат скринингот и тестирањата за да се „спречат сите канали и просторот” низ кој вирусот може да продре, пренесуваат американските медиуми.

-Во случај заразната болест, што веќе неконтролирано се шири, да најде пат до нашата земја, ќе има сериозни последици, изјави Ким, пренесен од севернокорејските медиуми.

Според оценки на стручњаците, епидемијата од коорнавирус во Северна Кореја може да биде страшна заради недостигот од санитетски материјали и лошата здравствена инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот