Ким Кардашијан јавно одбројуваше до смртната казна на нејзиниот пријател

Profimedia
Фото: Профимедиа

Ким Кардашијан во четвртокот на социјалната мрежа „Твитер“ пишуваше за егзекуцијата на нејзиниот пријател и осуденик Брендон Бернард (40) и цело време одбројуваше часови до неговата смрт.

Ким откри дека се слушнала со него и била многу тажна за сето она што се случувало. Тој чекал да биде погубен поради смртна казна.

Не ми е добро. Го убија Брендон. Тој го промени својот живот. Беше полн со надеж и позитивен до крај. Му беше жал што повредил други. Додека тој беше во затвор, ми се јави неговиот адвокат кој го остварил последниот повик со него. Ми рече дека Брендон рекол дека ме сака и дека сака да ми се заблагодари“, напиша Ким на „Твитер“.

Twitter
Twitter

Пет часа порано, таа напиша дека разговарала со Бернард за последен пат и дека тоа ѝ било најтешкиот повик досега.

Несебичен како и секогаш, мислеше на своето семејство и се грижеше дали се добро. Ми рече да не плачам затоа што борбата не е завршена. Кога ми кажа дека му понудиле седатив за смирување пред да заврши на столот и дека не сака да паничи, се изгубив. Морав да го исклучам микрофонот на мојот мобилен телефон за да не ме чуе како плачам“, продолжи во друга објава таа.

twitter
Twitter

Еден час до егзекуцијата на Брендон Бернард. Во Америка е Ден на човековите права а ние ќе извршиме егзекуција на некој што имал 18 години за време на злосторството, не е убиец и оттогаш се сменил. Срамота“, подоцна напиша Кардашијан.

Бернард бил осуден на смрт во 2000 заедно со соучесникот Кристофер Виалва за кражба на автомобил и убиство на Тод и Стејси Багли на оддалечениот дел од воената база „Fort Hudu“ во Тексас, Америка.

Twitter
Twitter

Виалва го киндапирал и го застрелал парот од непосредна близина додека лежеле во багажникот на автомобилот. Подоцна Бернард го запалил автомобилот. За време на злосторството, Бернард имал 18 години, а Виалва 19. Тројцата други вклучени во киндапирањето и убиството не биле полнолетни кога се случило злосторството и избегнале смртна казна, па двајцата веќе биле на слобода.

Instagram
Фотографија што ја објави Ким на својот профил на „Инстаграм“ / Instagram

Половина милион луѓе ја потпишаа петицијата со барање од претседателот Доналд Трамп да ја замени смртната казна со доживотен затвор на Бернард сакајќи да продолжи со животот во затворот, бидејќи, како што велат, тој бил многу добар човек, иако направил грешка во својата младост.

Повеќе можете да прочитате во објавите на Ким на нејзиниот профил на „Твитер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот