Кичеец давал исказ во ПС „Карпош“ за „бомбата“ со Дака

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Осудениот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец денеска бил повикан на распит во полициската станица Карпош за снимката на којашто се слуша како разговара со српскиот бизнисмен Дака.

Информацијата за „Фокус“ ја потврдија од Министерството за внатрешни работи. Кичеец дошол во станица со неговиот адвокат и таму се задржал час и половина.

Идната недела МВР ќе достави извештај за распитот до јавното обвинителство. Прв на распит за објавени „бомби“ беше викнат поранешниот министер на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев. Потоа во полиција беше повикан и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за настанот на „Боемска улица“, каде беше фатен како седи внатре во кафаната иако не беше дозволено. Тој не појде во полиција, го прати неговиот адвокат.

Кичеец во објавената „бомба“ за којашто бил викнат, зборува со бизнисменот и ги споменува и лидерот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар од Владата, Драги Рашковски.

Тој е осуден на три години затвор за „Рекет“ откако призна вина, а правосилноста на пресудата ја чека на слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот