КЕТО ИСХРАНА: Кои намирници се дозволени во дневното мени?

Кето исхраната се заснова на намалување, речиси исфрлање на јаглехидратите од секојдневните оброци и поголем внес на масти, за телото да може да ги користи како извор на енергија.

Многумина кои се заинтересирани за овој тип на исхрана, често се во недоумица што точно треба да јадат, а што да исфрлат од исхраната. Затоа и ја составивме оваа листа на дозволени намирници во кето диетата:

Месо и риба

Сланина, пилешко, месо од патка, јагнешко, шунка, свинско месо, мисиркино, телешко, лосос, пастрмка и во сосема мали количини месни преработки како што се колбаси или кулен.

Јатки

Бразилски ореви, лешници, макадамија, пекан ореви, пињоли, ореви и бадеми.

Млечни производи

Изварка, павлака, кисел јогурт, крем сирење, путер и меки сирења.

Масти

Путер, кокосово масло, палмино масло, маслиново масло, свинска маст и авокадо и јајца.

Зеленчук

Целер, краставица, ротквици, марула, спанаќ, карфиол, зелка, тиквички, модар патлиџан, прокељ, брокула, домати и грашок.

Храна која мора да ја избегнувате

Сладолед, газирани пијалаци, зашеќерени житарици, мед, пченка, бонбони, житарици, алкохол, маргарин, овошни сокови, овошје, печива, компири и тестенини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот