ЌЕ ЗАВРШИ КАКО АТЛАНТИДА: Причини поради кои Венеција се повеќе тоне (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: EPA/Andrea Merola

Големите поплави во Венеција доведоа до рекорден раст на нивото на морето се до 187 сантиметри.

Плимата од 140 сантиметри и повеќе, која во Италија се вика уште и „аква алта“, најчесто се забележува во текот на зимата кога се регистрирани силни бури на Медитеранот.

Фото: EPA/ Andrea Merola

Оваа историска поплава, која поплавила околу 80 отсто од градот, делумно е последица на невообичаено силно невреме во централното Тиренско море.

Вашингтон пост објаснува дека силниот ветар, кој исто така бил регистриран, уште се нарекува „Sirocco“, а всушност станува збор за истиот ветар која во Хрватска, на пример, се нарекува „југо“, како и тоа дека дува од север на Африка преку Медитеранот, за на крај да достигне до Јадранското море.

Бидејќи јадранското море е издолжено  и релативно тесно, неговиот облик може да ги заjакне осцилациите на нивото на морето од една страна на морето кон друга.

Ветровите можат да доведат до тоа да го „однесат“ морето на северозапад, токму каде што е сместена Венеција.

Како ветерот ја сппречува водата да се врати од северозападниот дел на Јадран, така во Венеција доаѓа до многу повисоки плими во однос на другите делови од Медитеранот.

Порано, плимите доволно високи да поплават град, биле релативно ретки, секои 20 или 30 години. Сега, меѓутоа, тие се случуваат почесто, секои пет години или пак во уште помали интервали.

Од 10-те најлоши плими во историјата на Венеција, дури пет се случиле во последните две децении, а последната од петте најлоши се случила минатата година.

Фото: EPA/ Andrea Merola

Јасно е дека  невремето во значителна мерка беше причина за најновите поплави. Но, овие поплави со текот на времето стануваат се поразорни и поголеми, како што ширум светот започнува да се зголемува нивото на морето како резултат на глобалното затоплување предизвикано од човекот.

Венеција, исто така, е град изграден на само неколку сантиметри над морското ниво, а истовремено со текот на времето полека и тони, што растот на морето го прави уште полоша и поопасна закана.

Фото: EPA/ Andrea Merola

– Ова е верна илустрација на она што во иднина ќе им се случува на повеќето крајбрежни подрачја – рекол Мајкл Опенхајмер, еден од авторите на најновиот извештај за климатски промени, инаку професор на Универзитет во Принстон.

Тој додал дека поплавите во Венеција денеска се последица на комбинација од град кој тоне и раст на нивото на морето, но дека крајбрежните градови ширум светот веќе околу 2050 година ќе доживуваат редовни поплави предизвикани поради положбата, но и поради растот на нивото на морето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот