Ќе се одлучува дали ќе има вонредна или кризна состојба, Пендаровски смирува – Нема да има полициски час

Претседателот на Северна Македонија со обраќање објасни за тоа што ќе се одлучува во понеделник на Светот за безбедност.

– Нема да има полициски час. Според одредба од Уставот, за време на вонредна состојба Парламентот не владее. Владее Владата со уредби со законска сила. Таа состојба трае 30 дена што значи дека пратениците нема да се прашуваат за ништо, туку Владата. Владата владее во време на вонредна состојба, претседателот има надлежности. Мојата проценка е дека нема да се случи тоа.

Можеби ќе се оди на друга варијанта, кризна состојба на цела територија. Армијата може да биде помош на МВР. Пак мора да се држиме до препораки на СЗО, мора да сме посериозни и поодоговорни. Јас мислам дека клучот е во тоа да ги почитуваме 100 отсто препораките.

Нема место за паника. Да ги истераме месеците и се враќаме на нашата политичка реторика. Сега не е време за тоа, рече Пендаровски.

Во понеделник Пендаровски го свикува Советот за безбедност, може да се прогласи кризна состојба на дел од земјава или на цела територија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот