Казнети 322 возачи во Скопје, 105 од нив за пречекорена брзина

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 322 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 105 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 13, 20 санкционирани мотоциклисти, 75 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 29 санкции кон пешаци и 34 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот