Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / Фото: "Слободен печат" - Драган Митрески

Во контроли на сообраќајот на територијата на град Скопје извршени вчера од СВР Скопје биле казнети 285 возачи, од кои 107 за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информира МВР, 14 санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон при возење, 17 за некористење сигурносен појас, 15 санкции за управување под дејство на алкохол.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот