Касами нема да оди на средба со Ахмети, предлага модел на средби меѓу албанските партии

Биљал Касами/ Фото: МИА

Лидерот на движењето Беса Билал Касами нема да присуствува на утрешната средба иницирана од претседателот на ДУИ Али Ахмети, по повод годишнината од потпишување на Рамковниот договор.

Во соопштението на ова партија се вели дека тие се за воспоставување нов модел на средби на парламентарните политички парти на Албанците, односно тоа да се случи по формирање на новата влада.

– Движењето Беса уште еднаш го потврдува својот принципиелен став да воспостави еден модел кој ќе воведе правила дека средбата на албанските парламентарни парти ќе се реализира после формирање на новата владата, за албанските парламентарни партии во владата да се обврзат со одговорности за реализација на прашањата со голем интерес за Албанците. Исто така, пред завршување на мандатот на албанските политички парти во владата, тие да дадат отчет за реализација на прашањата за кои заеднички се договарале, велат од Беса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот