Касами: Не сме му потчинети на Албин Курти

Билал фото: 360 степени,Билал Касами интервју за „360 степени“

Не сме му потчинети на Албин Курти, туку соработуваме со него – вели лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, прашан зошто како опозициска коалиција избраа политички да му се потчинат на косовскиот премиер и да прифатат негова патерналистичка улога.

Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, на дополнително прашање – со оглед на тоа што во последниот период Курти е силно критикуван од САД и од ЕУ, дали тоа опозицискиот „Европски сојуз за промени“ го доведува во позиција на двојство – ем да го користат политичкиот чадор од премиерот на Косово ем да се претставуваат за прозападни и проамерикански настроени, Касами одговори:

„Јас сметам дека г. Курти е најпроевропски Албанец. Г. Курти е човек на власт кој најмногу ја сака Европа… Тој е и проамерикански бидејќи моментално тој е најнекорумпиран политичар, кој најмногу верува во западните европски вредности… Во пракса г. Курти е многу поовеќе проевропски отколку г. Рама и другите албански функционери. Така што, Курти ја сака својата земја, својот народ и работи 24 часа на ден за неговата земја да биде во европското семејство“, вели Касами.

За тоа каков им е односот со дипломатскиот персонал во американската амбасада во Скопје, Касами вели дека имаат коректни релации и дека интересот на САД е и во Северна Македонија да има некорумпирана власт. Притоа, тој ја спомна неодамнешната посета што лидерите на „Европскиот сојуз за промени“ ја имаа на САД, при што остварија средби во Конгресот, Сенатот и во Стејт департментот. Прашан зошто не се сретнаа со шефовите за регионот во Стејт департментот, Габриел Ескобар и Џејмс О’Брајан, лидерот на Беса вели:

„Немавме барање да се сретнеме со Ескобар или некој друг. Нашата посета беше првично организирана за да разговараме со членови на Конгресот и Сенатот и секако дека беше потребно доколку го посетиме Вашингтон да застанеме и во Стејт департментот. Нашата цел на посета не беше Стејт департментот и разговорот со високи функционери во него, туку беа Конгресот и Сенатот и верувам дека беше успешна посета и сметам ова покажа дека САД, Вашингтон се со Албанците и Северна Македонија“.

Касами: Ако Таравари не сака да биде претседателски кандидат ќе бидам јас

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот