Канје Вест: Имам погрешна дијагноза, ме дрогираа за да управуваат со мене

Канје Вест / Фото: LAGOSSIPTV/BUZZIPPER / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Американскиот рапер Канје Вест тврди дека тој бил погрешно дијагностициран со биполарно растројство.

Раперот се врати на Твитер откако неколку дена беше блокиран на оваа социјална мрежа поради неговите проблематични објави.

Tој објави порака која ја добил од неговиот поранешен соработник Харли Пастернак.

„Постојат неколку начини на кои можам да ти помогнам. Прво, јас и ти ќе седнеме и ќе имаме пријатен и отворен разговор, но ти нема да користиш пцовки. Сѐ за што ќе зборуваме ќе биде засновано на факти, а не на некои лудости кои ти ги кажувал твојот глупав пријател или нешто што си го видел на Твитер. Второ, ќе те затворат во психијатриска установа, каде што ќе те ‘наклукаат’ со лекови и засекогаш ќе се вратиш во Зомбиленд. Поминувањето време со децата повеќе никогаш нема да биде исто“, му напишал Пастернак.

Раперот напиша дека е „воспитан да се залага за вистината, без оглед на последиците“.

„Ќе повторам уште еднаш – јас бев погрешно дијагностициран и дрогиран за да ме контролираат и да бидам јавна личност која се однесува добро“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот