Канје не се откажува: Очаен обид да ја освои Ким назад со емотивна фотографија

канје вест ким кардашијан
Фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Канје Вест сподели стара фотографија на која тој и Ким Кардашијан споделуваат романтичен бакнеж, додека сè повеќе се вжештуваат гласините околу нејзината нова врска со Пит Дејвидсон.

44-годишниот Канје се обидува да ги направи сите чекори за да ја врати својата сопруга Ким Кардашијан. Дизајнерот на „Yeezy“, кој сега се одзива на името Је, сподели црно-бела фотографија како се бакнува со отуѓената сопруга Ким, и очигледно му недостасува неговата сопруга од седум години со која дели 4 деца.

Канје Вест
Фото: Принтскрин / Instagram

Иако фотографијата беше објавена само како сторија (со лимитиран период на објавување), Канје не додаде опис туку едноставно само ја означи Ким на насловот кој вели: „Канје Вест вели дека Бог ќе ги врати и Ким заедно, инспирира милиони“.

Објавената фотографија првично беше споделена од Ким во 2019 година, која подоцна ја избриша од неодредени причини. На фотографијата се гледа како двајцата се бакнуваат на пустинска карпа додека обајцата носат тренерки. Основачката на „KKW Beauty“ ја има крената косата во лежерна пунџа на сликата и јасно ја покажува двојката во посреќни времиња.

Љубопитниот пост доаѓа само два дена по појавувањето на Канје во Лос Анџелес, каде што тој зборуваше за неговиот однос со Ким – и зошто верува дека Бог ќе ги врати заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот