Канада смета дека одлуката на САД за царини за алуминиум е неприфатлива, најавуваат контрамерки

Канада, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Канада оцени дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да врати 10 проценти тарифи на канадски алуминиум е „неприфатлива” и ја најави својата намера за брзо воведување „контрамерки” со еднаква вредност.

„Најавата дадена од САД на 6 август, според која ќе воведе тарифи за одредени канадски производи од алуминиум поради национална безбедност, е неоправдана и неприфатлива”, нагласува вицепремиерката Кристија Фриланд во соопштение, пренесе канадски „Ла Прес”.

Премиерот на Квебек, Франсоа Лего изјави дека е „многу разочаран од одлуката на Доналд Трамп да воведе тарифи за увоз на алуминиум”.

Тој на Твитер напиша дека го замолил федералниот премиер Џастин Трудо „да наметне царини за американски производи во знак на одмазда”.

Канадските политички партии исто така реагираа и на одлуката на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот