Канада го ограничува бројот на странски студенти поради станбената криза

Фото: Архива

Канада ќе го ограничи издавањето меѓународни студентски дозволи и работни дозволи за некои студенти на постдипломски студии во следните две години поради рекордниот број на новопристигнати што ја влошува станбената криза, објавија канадските власти.

Се очекува оваа одлука да резултира со намалување на издадените студентски дозволи на 360.000 веќе оваа година, што е за 35 отсто помалку од лани, соопшти Министерството за имиграција.

Одделенскиот министер Марк Милер рече дека федералната влада ќе работи со провинциите, кои имаат јурисдикција над образовните системи, за спроведување на гореспоменатите ограничувања. Како причини за нивното воведување тој ги наведе „заштитата на правата на студентите од универзитетите кои даваат несоодветни услуги по многу високи цени“ и „зголемениот притисок врз домувањето“.

„Зголемениот број на странски студенти, како и брзиот раст на населението поттикнат од имиграцијата, вршат зголемен притисок врз домувањето, здравствениот систем и другите услуги“, рече Милер, додавајќи дека помалиот прилив на луѓе ќе помогне за намалување на кириите.

Прашањата за домувањето и социјалните услуги се одрази на рејтингот на либералниот премиер Џастин Трудо, кој според анкетите не би освоил нов мандат на функцијата доколку изборите се одржат утре.

Во третиот квартал од минатата година, Канада забележа најбрз раст на населението во последните шест децении, додека бројот на привремени жители, главно студенти, е зголемен за околу 313 илјади, најмногу во последните пет децении.

Канадската федерација на студентски здруженија ја критикуваше одлуката на федералната влада.

„Најголемиот проблем е што ограничувањето беше наведено како реакција на станбената криза“, рече претставникот на синдикатот Матеуш Салмаси, кој решението го гледа во зголемување на сместувачките единици наменети специјално за странски студенти.

Од друга страна, Универзитетот во Торонто го поздрави објавувањето на ограничувањата и најави дека ќе работи со сите нивоа на власт на новата политика за дозволи за студирање.

„Промените се насочени кон решавање на злоупотребите во системот од страна на одредени актери и немаат за цел негативно да влијаат на универзитетите како што е нашиот“, се вели во соопштението на Универзитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот