Каменица Саса и следната сезона во 2МФЛ, Тетекс ќе игра бараж за опстанок

фото: ФК Каменица Саса

Завршија и натпреварите од последното 30 коло во Втората македонска фудбалска лига, Каменица Саса одигра нерешено без голови (0:0) на гостински терен против Пелистер.

После ова реми фудбалерите на Каменица Саса се изборија за директен опстанок во 2МФЛ.

Пехчево Скопје ја совлада екипата на Беса 1976 со 2:0, но на крајот не обезбеди ни опстанок ни бараж бидејќи Тетекс славеше со 3:4 кај Арсими. Тетекс во баражот за опстанок во 2МФЛ ќе игра со еден од третолигашите.

Од Втората лига испаднаа екипите на Пехчево Скопје, Слога Виница и Борец. Од претходно е познато дека Воска Спорт и Гостивар од следната сезона ќе играат во Првата лига, а за влез во елитата преку бараж ќе се бори Вардар против Скопје.

Втора македонска фудбалска лига, 30 коло

Сабота, резултати –

Арсими – Тетекс 3:4
Борец – Воска Спорт 1:7
Детонит Плачковица – Слога Виница 2:1
Караорман – Гостивар 0:2
Кожуф Гевгелија – Вардар 3:1
Пехчево Скопје – Беса 1976 2:0
Охрид – Беласица 3:0
Пелистер – Каменица Саса 0:0

Табела: Воска Спорт 75 бодови, Гостивар 73, Вардар 63, Пелистер 58, Детонит Плачковица 50, Беса 1976 48, Охрид 41, Арсими 40, Кожуф Гевгелија 36, Беласица 35, Караорман 34, Саса 31, Тетекс 31, Пехчево Скопје 30, Слога Виница 25, Борец 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот