Календар на неработни денови во 2023 година

Македонско знаме Македонија неработни денови во 2023
EPA/GEORGI LICOVSKI

Министерството за труд и социјална политика го објави календарот со неработни денови во 2023 година согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) .

За сите граѓани на РСМ

• 01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден
• 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 21 април (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 01 мај (понеделник), Ден на трудот
• 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
• 02 август (среда), Ден на Републиката,
• 8 септември (петок), Ден на независноста,
• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици),
• 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 17 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 10 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (среда), Празникот на сите светци,
• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

• 27 јануари (петок), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

• 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот