Какви станаа потрошувачките навики на луѓето во пандемија?

Profimedia

Минатата година беше предизвикувачка на многу полиња, особено за прифаќањето одредени  нови начини на живот – работа од дома, шопинг онлајн… Пандемијата  некако направи да сме посвесни за нештата што ги користиме, поседуваме, бараме. Во голема мера, да се купува во време на пандемија, значи да се биде прагматичен и да се ползуваат тековните онлајн банковни  платформи и платежни картички, со кои безбедно може да се направи трансфер на пари.

На глобално ниво, пандемијата ги промени аспектите на секојдневието. Новите трендови во купувањето, производите и услугите се трансформираа според новите навики. Општеството неминовно ги промени своите потрошувачки навики како резултат на кризата со коронавирусот.

Промените не само што физички ја сменија пазарната мапа во светот, туку голем број луѓе беа приморани да купуваат по дигитален пат. Банките тука се главните посредувачи на овие трансакции и се во служба на безбедна комуникација и пренос на средства.

Ова е во голема мера позитивен тренд и го отвора прашањето за подигнување на свеста и користење поекономичен начин на пазарење и трошење. Во насока на овој тренд, Халкбанк АД Скопје предничи во понудата со безбедни и корисничко ориентирани платежни картички.

Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет-плаќањата (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code). За сите заинтересирани, можете веднаш да аплицирате преку достава на апликација во најблиската филијала/експозитура или преку онлајн апликацијата.

Со овој начин на плаќање, вие сте дел од дигиталниот свет што расте и се менува секојдневно. Користењето на придобивките од промените, истовремено значат и безбедна шопинг навика доколку купувате од дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот