Како сперматозоидите му пркосат на еден од Њутновите закони?

Фото: Pexels / Nadezhda Moryak

Мавтајќи со опашките налик на камшик, човечката сперма се движи низ вискозната течност на начин што му пркоси на Третиот закон на Исак Њутн (закон за акција и реакција), пишува „Саенс алерт“.

Во новата студија, научникот и математичар Кента Ишимото од Универзитетот во Кјото, заедно со неговите колеги, ги истражувале нереципрочните интеракции на сперматозоидите и другите микроскопски биолошки „пливачи“, со цел да се разбере како тие се лизгаат низ супстанции кои, теоретски, треба да пружат отпор за време на нивното движење.

Кога ги формулирал законите за движење во 1686 година, Исак Њутн се обидел да ја објасни врската помеѓу физичките објекти и силите што дејствуваат на нив.

Третиот закон, или законот за акција и реакција, би можел накратко да се сведе на – за секое дејство има еднаква и спротивна реакција. Законот на едноставен начин ја покажува симетријата во природата што се јавува кога две спротивставени сили делуваат една на друга.

Сепак, природата е често хаотична и не сите физички системи се однесуваат според овие симетрии. Еден од примерите на таканаречената нереципрочна интеракција се сперматозоидите и како тие се движат низ течноста.

Научникот Ишимото и неговите колеги анализирале експериментални податоци за човечки сперматозоиди, кои пливаат користејќи флексибилна флагела која излегува од телото, ја менува формата и на тој начин ја придвижува клетката.

Вискозните течности вообичаено ја трошат енергијата на флагелумот и треба да ја спречат спермата воопшто да се движи низ нив. И покрај тоа, еластичниот камшик сепак успева да ги движи клетките без да предизвика реакција од околината низ која се движи.

Јапонските експерти открија дека опашките на сперматозоидите имаат „чудна еластичност“ што им овозможува да се движат низ течноста без да губат многу енергија.

Сепак, способноста за „чудна еластичност“ не објаснува целосно како брановидните движења на флагелите успеваат да ја движат клетката. Поради тоа, научниците потоа изградија модел за да ја објаснат внатрешната механика на камшикот.

Се вели дека нивните заклучоци би можеле да помогнат во дизајнирањето на идните апарати и мали роботи кои би се движат со имитација на моделот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот