Како штити вакцината на „Фајзер“, а како на „Астра-Зенека“: Објавено првото истражување, резултатите изненадуваат

Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Првото истражување на британските научници кое директно го споредуваше имуниот одговор кај вакцината на „Фајзер“ и „Астра-Зенека“ утврди слично ниво на создавање на антитела и посилен одговор кога станува збор за Т-клетките кај лицата кои ја примиле британската вакцина, беше соопштено денеска.

Британските научници соопштиле дека во студијата, која ги утврдувала разликите во имунолошкиот одговор на вакцините на „Фајзер“ и „Астра-Зенека“, било утврдено дека двете предизвикуваат слично силна реакција во создавање на антитела кај лицата со повеќе од 80 години после првата примена доза.

Агенцијата наведува дека истражувањето исто така открило дека важни компоненти од имунолошкиот систем, познати како т-клетки, покажале посилен одговор кај оние кои ја добиле вакцината на „Астра-Зенека“ отколку кај оние кои ја примиле вакцината на „Фајзер“, за што научниците сметаат дека е информација која и понатаму треба да се проучува, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот