Како анимето и мангата го окупираа светот

Карактери од аниме серии/ Фото Колаж на Слободен печат

Пред десетина години, луѓето можеби се срамеа да кажат дека се фанови на аниме и манга. Но, тоа сега е поразлично, младите поотворено разговараат за овие теми, а овие интересни карикатури и ликови се насекаде околу нас.

Јапонското аниме и манга стануваат сè повеќе популарни кај младите. Тие полека, но сигурно, ги заменија класичните американски цртани филмови и стрипови, принудувајќи ги западните филмски гиганти да се прилагодат на јапонскиот стил.

Анимето и мангата се присутни насекаде. Тие се преведуваат на неколку јазици, вклучувајќи англиски, француски, германски, руски и слично. Во сите книжари низ светот почнува да се појавува сè поголем избор на манги, кои всушност се поексплицитни стрипови наменети за сите возрасти.

Манга (потекнува од канџи знаците „ман“ (漫) што значи „чуден“ и „га“ (画), што значи „слики“) а формата што ја знаеме, датира од крајот на 19 век. За 1980-тите и 1990-тите се вели дека се „златното доба“ на мангата во Јапонија, стои во книгата на Риоко Мацуба и Алфред Хафт насловена „Историјата на мангата“.

За анимето пак, може да се каже дека од претходно уживаше поголема светска слава отколку мангата. На телевизиските канали овие кратки цртани филмови низ светот се емитувале уште од 90-тите години на минатиот век, така што луѓето се веќе запознаени со нив. Но, актуелниот нивен раст е очигледен.

Манга стрипови/ Фото Stefano Politi Markovina / Alamy / Alamy / Profimedia

Ако на почетокот на 90-тите на светот му беа познати само неколку вакви серии и стрипови („Покемон“, „Драгонбол“, „Дигимон“ и слични), сега има избор од илјадници такви.

Најсимболично за овие серии и стрипови е креативноста на нејзините автори. Огромната понуда на различни содржини игра клучна улога во нивниот раст во популарноста.

Во Јапонија овие серии и стрипови се популарни со децении. Но, тие стануваат сè попознати низ светот. Бројот на продадени манги во последните 5 години низ светот „експлодираше“.

Според „Нилсен БукСкен“, во Велика Британија во 2012 година биле продадени 434.633 копии од манга стрипови, во вредност од 3,17 милиони фунти. До 2019 година ова се зголемило за двојно повеќе, на 983.822 примероци, во вредност од 9,1 милиони фунти. Досега оваа година се продадени 1,8 милиони манга стрипови.

Во САД, бројките се подеднакво воодушевувачки. Во 2020 година, биле продадени се 9,68 милиони копии од манга стрипови, велат од „Ен-Пи-Ди БукСкен“, а следната година продажбата скокнала за 160%, односно на 25,2 милиони копии. Во 2021 година, мангата била водечка категорија во растот на вкупниот пазар на печатени книги во САД, надминувајќи ја романтиката.

Најпопуларната манга во светот, „One piece“ е продадена во повеќе од 500 милиони примероци од 1997 година. Создадена од Еичиро Ода, таа ја раскажува приказната за „Мајмунот Д Луфи“, кој патува низ светот барајќи го легендарно богатство. Главниот лик во серијата добива чудна моќ да се „протега како гума“ откако го јаде „Ѓаволското овошје“.

Придобивките од читањето манга

Една од најважните причини зошто мангата е толку популарна е нејзината евтина цена во споредба со американските книги и стрипови.

Тие најчесто се прават од евтина и нискобуџетна хартија, што значи дека може купувачите може да добијат повеќе страни за помалку пари.

За многу млади, анимето е всушност тоа што ги поврзало со мангата. Така, на еден начин блискоста на младите со анимираните филмови ги поттикнало да ги читаат и книгите.

Човек чита манга/ Фото KHALED KASSEM / Alamy / Profimedia

Мангите се сметаат за поексплицитни во однос на анимето. Во нив авторите чувствуаат повеќе слобода да ги изразат своите чувства и емоции, да покажат повеќе детали и да не се грижат дали нивните сцени ќе бидат критикувани од западните колеги, кои ги емитуваат таквите серии на нивните телевизии, па често ги замолуваат Јапонците да внимаваат на експлицитноста.

Западните филмски гиганти со години се соочуваат со растот на јапонското аниме и манга. Тие ги приспособуваат своите продукти кон јапонските, но специфичната креативност и уметност секогаш ќе бидат на страната на Јапонците.

„Го обожавам Бетмен, но сакам нешто покреативно“

Ендру Сумнер, потпретседателот на компанијата „Титан Ентертејнмент“, за „Гардијан“ вели дека со влегувањето во светот на мангата е „како да влезеш во пештерата на Аладин“.

„Јас сум голем фан на Бетмен, но за жал тој лик е во сопственост на корпорација, па така има премногу верзии на неговиот карактер. Но, затоа со анимето и мангата можете да се соживеете со мислите на авторот. Тоа е многу покреативно дело“ смета Сумнер.

Луѓето во западните земји со години се опседнати со овој вид на продукција, а нивната популарност очигледно дека ќе продолжи да расте.

Пред десетина години, луѓето можеби се срамеа да кажат дека се фанови на аниме и манга. Но, тоа сега е поразлично, младите поотворено разговараат за овие теми, а овие интересни карикатури и ликови се насекаде околу нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот