Кадетите минимално поразени од Швајцарија, за пласман на ЕП против Косово

фото: РФМ

Во саботата во својот втор натпревар од квалификациите за пласман на следното Европско првенство, македонската машка кадетска ракометна репрезентација загуби минимално од Швајцарија со 27:26.

Во текот на целиот меч швајцарските надежи ја одржуваа предноста воглавно од три-четири голови разлика, а на паузата имаа предност од 15:10 во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Со сите сили нашата селекција во текот на второто полувреме се обидуваше да го избегне поразот, но на крајот ривалот се радуваше на триумфот кој им донесе пласман на континенталниот собир.

А таму може да се најде и Македонија, со триумф в недела од 15.00 часот против Косово. Претходно во првиот меч од второто коло Словачка славеше против Косово со 33:22.

На денешниот меч против Швајцарија најефикасен во редовите на македонската репрезентација беше Митев со шест голови, по пет имаат Ристевски и Пецаноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот