Јотова: Резултатите од пописот во С. Македонија, ќе бидат многу важни за Бугарија

Илијана Јотова / Фото: МИА

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова смета дека во моментов нема причина за промена на бугарската позиција кон Република Северна Македонија, и покрај сериозниот притисок врз кој Бугарија ќе биде подложена од нејзините европски партнери на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре во Брдо кај Крањ, во Словенија.

Според Јотова, како што јави допизникот на МИА од Софија, Бугарија уште еднаш ќе ја повтори својата теза дека за неа најважно е да се почитуваат правата на граѓаните во Република Северна Македонија со бугарска самосвест. Јотова посочува дека резултатите од пописот што се одржува во Република Северна Македонија, ќе бидат многу важни за Бугарија.

-Доаѓаат многу загрижувачки сигнали. Уривањето на спомен плочите повторно започна. Ми се чини дека и работата на заедничката група меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не може да се пофали со какви било резултати, ветувањата за отстранување на одредени текстови од учебници ги нема никаде, рече бугарската потпретседателка Јотова.

Медиумите во Бугарија опширно известуваат за утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Бардо кај Крањ, информирајќи за серијата средби што претседателот на Бугарија Румен Радев ќе ги има со канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот