Јон Рам стана најплатениот спортист на светот, ќе заработува повеќе од Роналдо и Меси заедно

Шпанскиот голфер Јон Рам/фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Јон Рам (29), голфер од Шпанија, е новиот најплатен спортист во светот. Платен повеќе од фудбалерите Лионел Меси и Кристијано Роналдо заедно, стана со потписот на договор вреден 555 милиони евра со ЛИВ голф лигата од Саудиска Арабија, пренесува „Дејли Мејл“.

Рам е трет на светската листа и Мастер Шампион и сега испиша историја со трипати поголем договор од оној што Саудијците му го платија и на шесткратниот шампион Фил Микелсон пред година и пол. ЛИВ голф лигата имаше намера да го направи Тајгер Вудс најплатен спортист во светот, но тој одби понуда од 920 милиони евра, додека Рори Мекилрој го одби нивниот предлог за договор вреден 290 милиони евра.

Секој турнир организиран од ЛИВ следната година има главна награда од повеќе од 3,5 милиони евра, па Рам може многу да ја надмине оваа мега плата загарантирана за него.

Интересно, Рам до неодамна тврдеше дека нема да ја напушти ПГА Турнејата, но очигледно се предомислил. Не е чудно бидејќи неговиот нов сосед Кристијано Роналдо дојде во Саудиска Арабија за 200 милиони евра годишно, а Рам ќе заработи толку за помалку од половина година. Меси во последната година заработи околу 150 милиони евра.

Рам минатата година изјави дека нема да ја напушти ПГА Турнејата доколку некој му понуди 300 милиони евра:

– Парите се одлични, но тогаш јас и мојата сопруга се запрашавме: Дали ќе ни се сменат животите ако ги добиеме тие пари? Не, воопшто нема. Искрено, ако сега се пензионирав, лесно би можел да го живеам остатокот од мојот живот со тоа што сум го имал до сега заработено. Никогаш не сум играл голф за пари. Играм за љубов и сакам да играм против најдобрите во светот. Отсекогаш ме интересирала спортската историја на славните и наследството што го оставаат легендарните спортисти, и во моментов ПГА Турнејата ми го дава тоа – вели Рам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот