Јоксимовиќ: Србија не е должна да ги продолжи евроинтегративните процеси според новата методологија

Фото: МИА

Методологијата беше направена заради Северна Македонија и Албанија, бидејќи овие земји не добија зелено светло за почеток на преговорите. Ние не сме опфатени, освен доколку доброволно и на своја проценка не се согласиме, кажа Јоксимовиќ за Радио-телевизија Србија.

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ оцени дека Србија не е должна да ги продолжи евроинтегративните процеси според новата методологија на процесот на пристапување во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, во средата кажа дека Колегиумот на комесари на ЕУ усвои нова методологија за пристапниот процес, чија цел е повторно воспоставување на кредибилна перспектива за членството на Западен Балкан во Унијата.

-Методологијата беше направена заради Северна Македонија и Албанија, бидејќи овие земји не добија зелено светло за почеток на преговорите. Ние не сме опфатени, освен доколку доброволно и на своја проценка не се согласиме, кажа Јоксимовиќ за Радио-телевизија Србија.

Таа истакна дека важен сегмент на новата методологија е „напредниот економски план”, кој треба да биде претставен пред самитот во Загреб, и додаде дека Србија врз основа на него ќе анализира дали ќе ја смени методологијата. Таа рече дека во Србија слушнала дека земјата отворила „само” 18 од 35-те поглавја на преговори со ЕУ и оцени дека Србија истите ги отворила според строга и ригидна методологија.

-Покажавме дека имаме капацитет за реформи и интеграција, а тоа не го имаат сите. Преговорите започнаа во 2014 година, првото поглавје отворено е во 2015 година, што се шест години, рече таа.

Јоксимовиќ потсети дека Оливер Вархеји денес е во посета на Србија и дека со ИПА фондот ќе биде потпишан годишен договор, според кој на Србија ќе и бидат доделени неповратни 200 милиони евра, на кои има право како земја која преговара со ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот