Јеремиќ: Опозиционерите, здруженијата и синдикатите ќе дејствуваат како Обединета опозиција на Србија

Фото: Миа

Тој посочи дека сегашното свикување на парламентот е доказ дека „денес немаме демократија во Србија”.

Лидерот на Народна странка (НС), Вук Јеремиќ, изјави дека новата, идна форма на здружување на опозицијата ќе биде преку координација на движењата, политичките партии, синдикатите, кои беа на иста страна на бојкотот на изборите во јуни и ќе се вика Обединета опозиција на Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јеремиќ за ТВ Н1 истакна дека сегашниот парламент е доказ дека „денес во Србија нема демократија”.

-Се работи за нова форма на координација на политичка активност, а фокусот ќе биде ставен на зајакнување на конститутивните елементи на поширок фронт наречен Обединета опозиција на Србија, изјави Јеремиќ.

Тој посочи дека оваа обединета опозиција се разликува од Сојузот за Србија (СЗС), „која беше сојуз, коалиција”, затоа што тоа е „една полабава форма на координација што е потребна и остава повеќе простор за градење на капацитет на опозиционите фактори, утре, кога ќе бидат исполнети условите за фер и чесни избори, на кои ќе учествуваме, да го изнесе изборниот процес “.

Тој повтори дека „во Србија не може да има промена на власта сè додека не се исполнат два услови: да се изгради инфраструктура што ќе опфати 9000 избирачки места, за што се потребни 18.000 посветени и обучени лица кои нема да бидат подготвени да ја продадат гласачката кутија за 100 евра ” и вториот елемент е да се разјасни, како на домашната, така и на меѓународната јавност, за тоа што ќе дојде по овој диктаторски режим “, кажа Јеремиќ.

Тој посочи дека сегашното свикување на парламентот е доказ дека „денес немаме демократија во Србија”.

-Во оваа констелација не е ни замислено нешто да се менува преку парламентот. Пратениците се многу внимателно избрани за да го обесмислат парламентот како институција, оцени Јеремиќ, додавајќи дека слична се прави и со судството, црквата, здравството.

„Во Србија во парламентот нема опозиција. Ова е јасно и за домашната и меѓународната јавност. Бојкотот ја постигна својата цел. Денес веќе не е можно да се престави парламентот како демократско тело”, заклучи Јеремиќ и додаде дека СЗС одигра важна улога во претходниот период, а кулминација на тоа беше бојкотот, кој имаше за цел потполно да се разобличи диктатурата во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот