Јелена Карлеуша се пожали дека Канје Вест ја блокирал на Инстаграм: „Многу ми се налути…“

Канје Вест/Јелена Карлеуша / Фото: EPA-EFE/RINGO CHIU/Instagram/karleusastar

Јелена Карлеуша пред неколку години се пофали дека се следи со Канје Вест на Инстаграм. Сега во интервју за српски „Информер“ пејачката откри дека во меѓувреме раперот ја блокирал.

Имено, Карлеуша пред концертот што ќе го одржи во Ниш ја коментираше веста дека Ким Кардашијан овој јуни ќе дојде во Србија за да отвори продавница на нејзиниот бренд „Скимс“.

„Не знам дали навистина доаѓа. Ако дојде, ќе ми биде драго што ќе го види Белград. Јас сум фан на нејзиниот бренд, зошто да не бидам на отворањето? Ќе ѝ испратам порака“, изјавила Карлеуша.

На прашањето како Канје би реагирал доколку ја види поранешната сопруга во нејзино друштво, таа откри:

„Еве една ексклузивна! Кога се појавив на шоуто ‘Ветементс’ во Париз, Канје многу ми се налути, а не знам зошто. Ме блокираше на Инстаграм, иако го поканив да дојде. Имаше проблем. ‘Баленсијага’ и ‘Ветементс’ имаат свои кланови, па кој и да се појавив таму повеќе не ми беше пријател“, рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот