Јелена Карлеуша ѝ даде јавна поддршка на Северина, па му се обрати на Милан: Што би ти направила ако те начекам!

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Случајот со хрватската пејачка Северина Вучковиќ, на која Врховниот суд пред неколку дена ѝ го одзеде старателството над синот Александар и му го додели на нејзиниот поранешен Милан Поповиќ, го привлече вниманието низ целиот регион. Многу познати личноста се огласија во одбрана на пејачката, а сега проговори и Јелена Карлеуша, која ја поддржа колешката.

Имено, Јелена се огласи преку својот инстаграм-профил каде преку објавата „удри“ по државните институции во Хрватска, а му се обрати и на Милан Поповиќ.

„Бившиот на Северина испадна поважен и повлијателен во Хрватска од нивниот премиер и претседател и суд и право и правда и Господ, има ли шанси да му го проверите бизнисот, ‘бубачката’ ми рече дека нешто не е во ред со данокот ( кога корупцијата е нормална во Хрватска), напиша Карлеуша.

„Зборувате за Србија после…ееее мои.. овде ќе се решеше одамна за Северина. А ние имаме способни адвокати, на Северинина се само аматери“, рече Јелена.

Јелена имаше што да му каже на бизнисменот Поповиќ, поранешниот сопруг на Северина.

„А, бидејќи ова ќе го чита и дотичниот влијателен човек, можам само да му кажам: ‘Што би ти правел, брате мој Србине, ти би бил првиот маж што забременил и со години останал бремен! Не си ти Србин, ти си… … Да не лаам…’ Знам да бидам погана… Ако те начекам некаде, во лице ќе ти кажам, лесно е да се биде храбар вака, а познавам и некои луѓе кои имаат малку повеќе пари од тебе“, додала Јелена.

Фото: Принтсркин / Инстаграм

 

Северина не е единствената: Овие славни дами го изгубија старателството над своите деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот