Јавните претпријатија не си ги плаќаат даноците и придонесите

Управа за јавни приходи / СП. архива

Домот на култура – Иљо Антески Смок од Тетово и натаму е на врвот на најновата должничка листа на Управата за јавни приходи, со неплатени давачки до крајот јануари годинава.

Списокот брои 1.699 компании (24 повеќе од претходната листа), а како физички лица должници се јавуваат 3.262 имиња, или за 29 повеќе од претходната листа. Се чини дека јавните претпријатија никако не можат да се ослободат од долговите, па и на оваа листа се најде Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти во државна сопственост, а друштво му прават јавните комунални претпријатија од Тетово, Гостивар, Куманово и Струја.

Меѓу нив на оваа листа се замешаа и ЈП Водостопанство на Македонија, Водовод и канализација од Македонски брод и водоводното претпријатие Билјанини извори од Охрид. Тука е државната фабрика за шински возила Колска од Велес, како и фудбалскиот клуб Вардар, а вметната е и Јавната универзитетска здравствена установа. Со години ненаплатен е и долгот на индустријата Ел Ацтека, на бизнисменот Ангел Кастиљо, како и Трансмет, а може да се „прочитаат“ и долговите на некогашната трговска куќа Славија, текстилниот гигант Тетекс Јарн, Бујото инжинеринг и Бетон трејд.

Македонија сообраќај, хотел Балкан од Кавадарци, печатницата Даскал Камче, радио Хит, кафе бар Мохито, Наше такси… Вкупниот нето долг на втората должничка листа за оваа година е над 7,8 милијарди денари и е помал за 114 милиони денари од претходната листа.

Најмногу се должи за даноци и придонеси – 7,6 милијарди денари, што е помалку за 114 милиони денари од претходната листа. Компаниите малку подобро се справуваат со царинските давачки, каде сумата е 182 милиони денари, што е помалку за 550 илјади денари од претходната листа.

Инаку, долговите на компаниите и граѓаните се доспеани до крајот на октомври лани, а не се платени до 31 јануари годинава. Управата за јавни приходи сумира дека се работи за неплатени давачки за ДДВ, данок на добивка, персонален данок, придонеси за задолжително социјално осигурување, акцизи, царини. За да се најдат на оваа листа долгот за правните лица треба да биде повисок од 300 илјади денари, а за физичките лица и самостојните вршители на дејност над 120 илјади денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот