Јавен обвинител ќе се жали до судот бидејќи не е одреден притвор за лицата кои упаднаа во М-НАВ

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Јавниот обвинител во текот на денешниот ден ќе вложи жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и им беа определени мерки на претпазливост.

Судот им одреди мерки на претпазливост на напаѓачите што упаднаа во радарската кула на М-НАВ

Судот синоќа одреди мерки на претпазливозт за Беким Незири и уште тројца напаѓачи во радарската кула на М-НАВ.

ВИДЕО ТЕЛМА: Напаѓачите на контролорите за летање донесени со лисици на рацете пред Кривичен суд

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против 4 лица кои вечерва беа спроведни во судот, а осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ, по произнесување на обвинителот и осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите четири лица им се опредлуваат мерки за претпазливост“, велат од Кривичен суд.

Контролорите на летање добија поддршка од Делегацијата на ЕУ во Македонија

Струковиот Синдикат на контролорите на летање – ССКЛ најави дека доколку Владата во вторник не ги разреши директорите на М-НАВ, в среда ќе стапат во штрајк со затворање на воздушниот простор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот