Јасмина се вселила во вилата на Мерилин Монро: Таа е опседната со неа и ја копира во се! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Британската водителка Јасмина Кисвел (24) многу личи на легендарната актерка Мерилин Монро, а од неодамна дури и се пресели во нејзината поранешна вила во Лос Анџелес, од каде секојдневно се јавува со видеоснимки кои ги објавува на Јутјуб.

Јасмина живее во вилата која припаѓаше на легендарната икона на стилот, а социјалните мрежи ги освои брзо откако започна да објавува детали и тајни кои ги открила во куќата на славната актерка.

Фото: Инстаграм

Дваесетипетгодишната водителка се облекува исто како Мерилин и на обожавателите речиси секојдневно им се јавува да им каже што открила  во куќата на актерката.

Меѓу бројните детали кои ги открила се наоѓа и потписот кој се наоѓа на таванот на куќата. Под тепихот таа пронашла неколку ѕвезди врежани на подот.

Фото: Инстаграм

Според податоците на агентите за недвижности, куќата се појавила на пазарот во 2018 година и веднаш била продадена за 2,7 милиони долари. Купците биле млад пар, а куќата им била продадена бидејќи девојката многу личела на Мерлин, а нејзиното момче личи на Џој кој почина во 1999 година.

Јасмина инаку е телевизиска личност од Шкотска, а уште рано во младоста почнало да ја интересира телевизијата. На 22 години се преселила во Лос Анџелес, каде оствари кариера, а на сите им порачува никогаш да не се откажуваат од своите соништа, бидејќи тие сигурно ќе се остварат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот