„Јас сум храбар како Марко Поло“: Градоначалникот на Венеција за одлуката да им наплати влез на туристите во градот

Фото: Matic Štojs / Alamy / Alamy / Profimedia

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунијаро, ја спореди „храброста“ на неговата одлука да им наплати на посетителите пред да влезат во градот со онаа на легендарниот венецијански истражувач Марко Поло.

Венеција ќе стане првиот град во светот што ќе донесе таква мерка кога долго дебатираната наплата од пет евра ќе стапи на сила кон крајот на овој месец, објави „Гардијан“.

Брунијаро рече дека целта не е да се заработат пари за касата на Венеција, туку да се „одбрани“ градот, кој привлекува околу 40.000 посетители дневно, и да се направи попогоден за живеење.

Фото: Galina Samoylovich / Alamy / Alamy / Profimedia

Билетите може да се резервираат онлајн за периодот од 25 април до 14 јули, кога доаѓаат најмногу посетители во Венеција.

Венецијанските власти сметаат дека 2024 година е експериментална фаза на иницијативата.

„Ние имаме должност да ги зачуваме големите историски центри на светот“, изјави Брунијаро пред новинарите во Рим.

Фото: Mo Peerbacus / Alamy / Alamy / Profimedia

Тој истакна дека низ историјата никој не ризикувал да проба такво нешто и дека ниту еден политичар нема да го направи тоа што ќе го направи тој.

„Ако успее, сите ќе кажат дека е банално, а ако не успее ќе предизвика критики и лош впечаток“, посочи тој.

Посетителите, кои ќе престојуваат во Венеција на еден ден, ќе добијат кју-ар код по резервирање на билет, кој е потребен само за пристап до историскиот центар на Венеција.

Фото: Neil Emmerson / robertharding / Profimedia

Проверки ќе се вршат на различни пунктови и оние кои ја немаат шифрата ќе ризикуваат казна до 300 евра.

Жителите, луѓето кои работат во Венеција, студентите и децата под 14 години се ослободени од режимот, како и туристите кои преноќуваат.

Критичарите велат дека мерката  ја ограничува слободата на движење и може да ги одврати посетителите да дојдат во Венеција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот