Јапонија ќе изгуби милиони дози на вакцини од Фајзер заради погрешни шприцови

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Милиони жители на Јапонија нема да ја добијат вакцината на Фајзер како што беше планирано заради недостаток на специјални шприцови, пренесува Гардијан.

Според јапонскиот министер за здравство, Норихиса Тамура стандардните шприцови кои се користат во Јапонија не можат да ја екстрактираат шестата и последна доза од секое шишенце произведено од американската фармацевтска компанија.

Јапонија обезбеди 144 милиони дози од вакцината Фајзер, кои се доволни за 72 милиони лица, според претпоставката дека секое шишенце содржи шест дози.

Секое лице кое ќе ја прими вакцината, треба да ја прими во две дози, во растојание од три недели, за да се зголеми нивото на заштита, според Фајзер.

Но, недостаток на специјални шприцови – кои можат да ја екстрактираат целата вакцина, значи дека здравствените власти во Јапонија ќе мораат да користат стандардни шприцови, кои можат да екстрактираат само пет дози од шишенцето, или доволно за 60 милиони дози.

„Шприцовите кои се користат во Јапонија може да екстрактираат само пет дози“, рекол Тамура, според агенцијата Киодо. „Ќе ги користиме сите шприцови што ги имаме што можат да екстрактираат шест дози, но секако нема да бидат доволно.

Јапонија не е единствена земја која се соочува со овој проблем. САД и земјите од ЕУ исто така пријавија недостаток на специјални шприцови, што значи дека ќе има силна конкуренција за брзо набавување на нови.

Извор: Гардијан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот