Јанушев: Незадоволството од актуелната власт предводена од СДСМ, Заев и Љупчо Николовски е огромна (ВИДЕО)

 

Денеска сме во посета на општина Градско, имавме посета на винаријата Стоби каде разговаравме со менаџерскиот тим во однос на кои се работи се потребни да се спроведат со новата владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме со средби со граѓаните, ќе ги посетиме и селата Виничани и Ногаевци, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборна единица 3.

-Она што можеме да го видиме во Градско, впрочем е она што можеме да го видиме секаде во изборната едница 3, но она што го гледаме секаде низ Република Македонија. Незадоволството од актуелната власт предводена од СДСМ, Заев и Љупчо Николовски е огромна. Поддршката која што ја добива ВМРО-ДПМНЕ во огромен број од граѓаните не охрабрува, не мотивира да издржиме во овие неколку дена со ова турбо темпо со која што ја водиме кампањата се со цел на 15 јули ВМРО-ДПМНЕ да издвојува една огромна победа. И тоа граѓаните го препознаваат и го знаат- рече Јанушев.

Она што, истакна Јанушев,  веќе го добивам како реакција на граѓаните буквално насекаде велат, да можеа помалку да крадат, помалку да лажат, помалку да нанесат, односно да не ја нанесат целата оваа штета и ова зло во изминатите три и пол години.

-Ги препознаваат политиките и понудата на ВМРО-ДПМНЕ кои се предвидени во проектот Обнова за Македонија и токму затоа од овде од Градско ќе им порачаме дека на 15 јули доаѓа обновата а Македонија се исправа- потенцираше тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот