Јакимовски: Се знае каде е корупцијата, во кои структури на власта и во партии ама се прават наудрени

Стевче Јакимовски на Телма/Фото: Скриншот

Во вечерашното гостување на ТВ Телма претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски се осврна на амнестијата која ја заговараат некои од неговите противкандидати во предизборната кампања.

-Секој терорист што има намера да влезе на територија на Република Македонија треба да знае дека никогаш нема да биде помилуван, и треба да се помири дека неговиот живот ќе заврши во затвор. Значи, ќе влезе во затворската ќелија и следниот пат кога ќе излезе тоа ќе биде кога ќе заврши неговиот живот, и тука нема дилема околу тие работи, дециден е Јакимовски.

Запрашан дали би помилувал лица вклучени во висока корупција, Јакимовски рече дека високата корупција е приказна која ја создале западните партнери за да ја држат Македонија во „лимбо“ позиција и појасни.

-Ако вие имате Оддел за економски и компјутерски криминал во МВР, Оддел за организиран криминал во МВР, Финансова полиција, Агенција за финаниско разузнавање, ако имате Јавно обвинителство, ако имате Обвинителство за организиран криминал, Агенција за безбедност и контраразузнавање и еден куп безбедносни служби и покрај тоа имате висока корупција, јас повеќе би рекол дека таа работа е готово невозможна затоа што работата на секој функционер, на секој службеник, подлежи на секојдневни проверки од институции над нас, рече Јакимовски.

Тој додаде дека како градоначалник на Општина Карпош кај него секојдневно доаѓаа од МВР, инспектори, Финансова полиција, од Државен управен инспекторат, ревизии итн.

-И мислам дека системот е така поставен, како што тие велат, да корупцијата во високите кругови е минимизирана. Сигурно е дека ја има, и јас сум длабоко убеден дека тие добро знаат каде е, во кои структури на власта, во кои политички партии, меѓутоа малку им одговара да се прават наудрени, рече Јакимовски во гостувањето на Телма.

Претседателскиот кандидат Јакимовски рече дека ќе ги помилува осудените за висока корупција само ако издржат повеќе од 2/3 од затворската казна, ако се однесувале според затворскиот кодекс, ако тоа придонело за нивно покајување, тогааш ќе следи и можност за  ресоцијализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот