Јакимовски: Мицкоски заслужи да му удрам бокс, а не коалиција да раскинам

Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош, во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „заслужил да му удри бокс“.

„Го трпев и за мене што зборуваше. Стевче е болен човек, ќе умре, мртов политичар. Тој заслужи да му удрам бокс, а не коалиција да раскинам. Односот кон мојата партија го трпев, но кога станува збор за граѓаните, тоа не може да го поминеме“, рече Јакимовски, објаснувајќи ги причините за раскинувањето на коалицијата меѓу ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовски вчера, со обвинувања за опструкции, подметнувања, навреди, притисоци, па дури и рекет и закани кон стопанственици, објави дека по 99 месеци ја прекинува коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Вељановски: Јакимовски и покрај нашите апели продолжува со намерите да „штанца“ градежни дозволи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот