Јакимовски игра во одлична форма, му донесе нова победа на Вашингтон

јакимовски
Андреј Јакимовски беше прв стрелец во редовите на Вашингтон стејт/Фото: kfsm.mk

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски втор натпревар по ред е најдобар играч на Вашингтон Стејт Универзитетот и му донесе нов триумф во НЦАА лигата.

Во победата на Вашингтон Стејт над Јута од 71:54, Јакимовски имаше учинок од 15 поени и 8скока и полека прераснува во вистински лидер на тимот.

За прикажаната игра, Јакимовски беше прогласен за играч на натпреварот. Неговиот тим Вашингтон Стејт има скор од 11 победи и седум порази и се наоѓа на седмото место во Пацифик 12 конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот