Извршена втора дефинфекција на катните гаражи

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката (АДСДП)-Скопје изврши нова, втора по ред дезинфекција на четири катни гаражи со кои стопанисува – „Кресненско Востание”, „Разловечко Востание”, „Солунски Конгрес” и „Смилевски Конгрес”.

Како што соопштија од друштвото, дезинфицирани беа заедничките простории – скалишниот простор и гелендрите, лифтовите, патеките на движење. Ваква акција, додаваат, ќе биде реализирана и во следните три недели (еднаш неделно), а во случај на потреба истата ќе продолжи согласно препораките на Владата.

– Во меѓувреме, продолжува и дезинфицирањето на социјалните згради (вкупно 20) лоцирани низ целата територија на државата. По минатонеделниот третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините, стручните тимови ја повторуваат акцијата со која се опфатени лифтовите, влезовите на објектите, заедничките простории, скалишниот простор и гелендрите. Процес на дезинфекција е спроведен и во сите 11 подружници на АДСДП, се вели во соопштението.

Повторувањето на постапката на дезинфекција е во насока на сузбивање и намалување на можноста на проширување на вирусот Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот