Израелците наводно убиле двајца Палестинци на Западниот Брег

Западен брег во Газа, Израел/ Фото: Архива на Слободен Печат

Израелските сили убиле двајца Палестинци на Западниот Брег, објави израелскиот весник Харец, повикувајќи се на неименувани извори од здравствените служби.

Според извештаите, едно лице е убиено во близина на градот Беитунија на Западниот брег, а друго во блискиот град Рамала, пишува Гардијан.

Израелските сили утринава кренале во воздух и куќа во кампот Деир Амар, западно од Рамала, наведува палестинската агенција ВАФА, а Ал Џезира пренесува дека станува збор за куќата на Дауд Абдел Разак Дарас, Палестинецот кој Израелците го убија во август.

За време на упадот на израелските сили во селото Деир Амар и неговиот камп, дошло до конфликт при што војниците пукале со вистински куршуми кон Палестинците, изјавиле за ВАФА локални извори.

Две момчиња се ранети во стапалата и се пренесени во болница.

Израелските сили убиле повеќе од 200 Палестинци на Западниот Брег од почетокот на конфликтот со Хамас на 7 октомври, пишува Гардијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот