Израел тестира своја вакцина против коронавирус врз доброволци

epa

 Израел почна со тестирање на вакцина против коронавирусот врз волонтери, и доколку се покаже дека е ефекасна, следното лето ќе им биде достапна на граѓаните, изјави денеска Шмуел Шапира, генерален директор на Израелскиот институт за биолошко истражување.

Во тестирањето ќе учествуваат 80 доброволци на почетокот, а до декември тој број треба да изнесува 960.

Ако оваа фаза на тестирање се покаже делотворна, во третата фаза, во април или мај, треба да учествуваат околу 30.000 волонтери.

– Ние сме во завршна фаза, рече Шапира.

Институтот работи под покровителство на Министерството за одбрана и започна со тестирање на вакцината врз животни во март, за пред само една недела да објави дека добил дозвола од регулаторното тело да премине во следната фаза на тестирање.

Рестриктивните мерки во Израел, земја со девет милиони жители, полека се олеснуваат бидејќи се намалува бројот на луѓе на инфицирани од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот