Израел поставил шпионски апарати во близина на Белата куќа?

фото Архива

Во последните две години поставени се апарати за набљудување во близина на Белата куќа. Апаратите ги постави Израел, изјавија поранешни американски претставници за магазинот „Политико”.

Апаратите за надгледување на мобилните телефони наменети се за шпионирање на американскиот претседател Доналд Трамп и откриени се во текот на неговиот мандат.

Портпаролот на Амбасадата на Израел во Вашингтон изјави дека „таквите обвиненија се апсолутна глупост”.

– Израел не извршува шпионски операции во САД, точка – изјави Елас Строхмајер.

Додека поранешен американски разузнавач истакна дека е „прилично јасно дека Израелците се одговорни”.

Белата куќа одби да ги коментира наводите.

„Политико” објави дека се сомнева дека Израел ја прислушува комуникацијата на Белата куќа.

– Израелците се прилично агресивни. Тие се грижат само за заштита на безбедноста на државата Израел и се ќе направат за да ја постигнат таа цел – посочи поранешниот неименуван американски разузнавач.

„Политико” истакнува дека администрацијата на американскиот претседател Трамп не презела мерки како одговор на однесувањето на Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот