Изов го објави списокот на фудбалерки за натпреварите против Летонија и Австрија

Нови репрезентативни обврски за нашите најдобри фудбалерки во европските квалификации за СП 2023/Фото: ФФМ

Женската А репрезентација на Македонија со двата последни натпревари во септември ќе ги завршат квалификациите за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” – Скопје, на 1 септември (петок) нашите најдобри фудбалерки ќе ја пречекаат Летонија, а натпреварот почнува од 16.00 часот.

Во вториот меч од септемвриските квалификации на 6 септември од 20.30 часот ќе им гостуваме на Австријките.

Одамна ги загубивме шансите за учество на Мундијалот, по осум одиграни кола Англија е на врвот со 24 бодови, пред Австрија (19), Северна Ирска (13), Луксембург (9), Македонија (3) и Летонија (3).

Тренинг базата на нашата женска селекција е во хотел Истатов, Нов Дојран. Селекторот Кирил Изов за двете квалификациски средби, ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Викторија Панчурова (Тиверија);

Одбрана: Драгана Костова (Каменица Саса), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Елена Петровска (Љуботен), Викторија Недева (Тиверија), Ана Милчевска (Истатов Кул), Теодора Ѓорѓиевска (Истатов Кул), Христина Јошевска (Љуботен), Јулија Живиќ (Сплит);

Среден ред: Александра Јовановска (Истатов Кул), Мила Талевска (Каменица Саса), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Марјана Нацева (Борусија Дортмунд), Теа Божиновска (Ријека), Хава Мустафа (Шкендија), Александра Марковска (Скопје), Наташа Андонова (Леванте), Елма Шемсовиќ (Каменица Саса);

Напад: Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед), Улза Максути (Ас Јунајтед), Бојана Петкова (Истатов Кул), Салији Шкипе (Хесен Мулхајм. Германија), Гентјана Роки (Купс, Финска);

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот