Изненадување од 1,8 милијарди долари – никој не знае од каде се парите

Мистерија во Јужна Каролина. Тамошната влада открила дека на една од сметките имало 1,8 милијарди долари за кои немале поим чии се или за што се.

Институциите организирале истрага на највисоко ниво, при што било предложено огромната сума да се префрли на посебна, „заклучена“ сметка, каде се пресметува камата, пренесува Дејли мејл.

Сенаторот Лери Грумс, кој ја истражува мистеријата рекол дека нема информации каде требало да завршат парите.

„Тоа е како да влезете во вашата банка, а службеникот вели дека имате многу пари на вашата сметка, но тој не знае на кого му припаѓаат“, објаснил Грумс.

Главниот сметководител на државата поднел оставка во 2023 година кога неговиот оддел ги „удвои средствата“ на сметките за образование, што резултирало со погрешна пресметка од 3,5 милијарди долари.

Се наведува дека „забуната“ настанала со промена на државниот компјутерски систем уште во 2010 година и дека откриените 1,8 милијарди можеби се дел од истата приказна.

Се шпекулира дека парите биле префрлени од едно на друго место, со цел да се „балансираат финансиите на државата“, пишува Дејли мејл.

На официјалните лица од Јужна Каролина не им биле доставени информации за потеклото на 1,8 милијарди долари и случајот засега останува мистерија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот