Изложба на македонска мода и дизаjн (ФОТО)

Ludus

Во вторникот, 17. декември во галеријата „Акантус“ во Скопје беше отворена групната изложба насловена како „Slowscapes“. Македонските модни брендови „Арма“, „Петел Паун“, „Лудус“, „Марта Пејоска“, „Нина Нине“, „Кактус“, Јована Филиповиќ и Ивана Секуловска (Factory Girl) ги понудија на продажба своите најнови колекции во амбиент пригоден за престојните празници.

Ова е трето издание на изложбата курирана од Драган Христов кој стои зад брендот „Лудус“ и сега веќе прераснува во познато место на скопската публика каде најдобрите македонски дизајнери за прв пат ги претставуваат новите колекции за актуелната сезона. Внимателната селекција на брендови кои го застапуваат “slow fashion” движењето кај нас и се спротиставуваат на модната индустрија ќе биде надополнета овој пат со неколку нови брендови што исто така имаат одговорен и еколошки пристап во работата.

Изложбата ќе биде отворена до сабота 21 декември.

Ludus
Ludus

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот