Излезе „Културен печат“ број 218 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 218

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 218, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (17-18.02.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Владимир Мандичевски Манде, генерален менаџер на „Баги комуникации“ и автор на книгата „Јас пратеник“: Не сум „нов“ во пишувањето, но за првпат објавувам книга

– разговор со писателката Фросина Пармаковска: Моите романи секогаш се раѓаат од главните ликови

– средба со вокалната солистка Евгенија Здравевска, попозната како Зарина Првасевда: Секогаш се потпирам на сопствениот погон

– мини-фестивалот „Светско, а наше – Саботи на светска музика“ ќе се одржи во „Паблик рум (Јавна соба)“ во Скопје

– изложбата на плакати „Визуелни рефлексии“ од Лазе Трипков е поставена во Уметничката галерија при НУ Музеј Куманово: Уникатна визуелна естетика со повеќеслојни симболички значења

– изложба на новопримени автори во членство на ДЛУМ е поставена во галеријата во Домот на Армијата во Скопје

– изложбата на архитектонски студија (ИАС’23) е отворена на Архитектонскиот факултет во Скопје

– во галеријата „Метаноја“ во Скопје е поставена изложбата „Патина на љубовта“ на скулпторот Синиша Новески

– независниот театар „Златен Елец“ влезе во четвртата година од своето постоење

– Општина Крива Паланка ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година

– издавачкиот центар „Три“ го промовираше романот „Бела Сама“ од истакнатата македонска авторка Виолета Танчева-Златева

– Францускиот институт во Скопје и издавачките куќи „Или-или“ и „Бункер“ организираа промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, и „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска

– издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најави излегувањето од печат на книгата „Куќа на духови“ од Изабел Аљенде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот